И покрај рестриктивните мерки и помалиот број турнири кои се организираа поради ковид ситуацијата, Данче Лозановска во последната година се натпреваруваше на турнири организирани од тениската федерација на Македонија во категорија до 18 год и сениорки (отворено и државно првенство), турнири организиранирани од Интернационалната тениска федерација-ITF во категорија на јуниори. Во периодот од 19.10-28.10.2021 на покана на Македонската тениска федерација, Данче Лозановска учествуваше на Мастерс турнирите за најдобрите 8 во категорија сениорки и јуниори до 18 год. Данче Лозановска која во 2018 година го освои второто место на државен натпревар за основни училишта и третото место во 2019 год на државен натпревар за средни училишта, се наоѓа на 6-то место на конечната ранг листа за 2021 год за сениорки на Македонската тениска федерација.
Данче учествуваше и на Круна-Опен 2021, по повод 10- годишнината од постоењето на тенискиот клуб Круна од Гевгелија на кој зедоа учество тенисери од цела држава, натпреварувачи кои се рангирани на официјалните ранг листи на тениската федерација на Македонија.
Инаку, Данче е родена во Гевгелија на 28.02. 2003 година а тенис започнала да тренира во 2013. Нејзин тренер е Душко Попов.