Во периодот од 20-24 март 2024 година, на Копаоник, во организација на Здружението на спорт за Србија, се организираше 31. Отворен скијачки фестивал на спортови и за рекреација, кој собра над 600 учесници од Србија, Македонија, Бугарија, Романија, Хрватска, БИХ и Црна Гора.
На оваа голема традиционална манифестација на Копаоник, на таа српска планинска убавица, наречена СКИ ФЕСТ 2024, по трет пат, учествуваше момчето од Гевгелија, најјужниот град во Македонија, Коста Гелебешев.
Тој од таму се врати со две медали и тоа двете сребрени, во слаломската и велеслаломската трка. Со ова, и со медалите кои Коста ги освои изминатите две години, тој докажува дека е во самата елита на македонскиот скијачки спорт.