Во четвртата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, Општина Гевгелија, ќе се вклучи овој викенд на 18 мај (сабота), со почеток во 09:00 часот и истата ќе се одвива на следните локации:
– во близина на Негорски Бањи;
– покрај крајбрежјето на Сува Река;
– во сите градски паркови низ Гевгелија.
Во акцијата ќе се вклучат општинската администрација, ЈПКД Комуналец- Гевгелија, спортски клубови, средното училиште, невладини организации и здруженија и сите заинтересирани граѓани од Општина Гевгелија.
На ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2024 оваа година ќе учествуваат сите општини (81 општина) во Македонија. Од 17 до 19 мај, ќе биде собран отпадот од локациите мапирани од страна на секоја општина засебно. Продолжува стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.