ФУДБАЛЕРОТ ОД ГЕВГЕЛИЈА ПЕПИ ЃОРГИЕВ, КОЈ ИГРА ЗА ФК „ТЕУТА“ ОД ДРАЧ, АЛБАНИЈА, ДОНИРАШЕ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ЦЕНТАРОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“

Поранешниот фудбалер на ФК „Кожуф“, Пепи Ѓоргиев, кој во моментот настапува за прволигашката екипа „Теута“ од Драч, денеска ги израдува штитениците на Центарот „Мајка Тереза“ со новогодишни пакетчиња.

“Сакам  со ова да предизвикам насмевка на лицата на  овие дечиња за Новогодишните празници и да им посакам да ги поминат опкружени со љубов од нивните најблиски и вработените во „Мајка Тереза“, а воедно им посакувам на сите нив добро здравје во наредната 2022 година, изјави за „Канал12“ Ѓоргиев.

Инаку, Ѓоргиев по краткиот излет во Саудиска Арабија, потпиша за тимот од Драч, ФК „Теута“, клуб кој е формиран во 1920 година. Досега 4 пати го освоил Купот на Албанија, а еднаш имаат играно и во Купот на УЕФА. Моменталнои го завземаат осмото место на прволигашката табела

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *