ФОНДАЦИЈАТА „ИЦЕ БЕГОВ“ ДОНИРАШЕ НАМЕНСКО ВОЗИЛО СО ПРИСТАПНА РАМПА НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Денеска, на мала свеченост во малата сала на Народниот театар, Фондацијата Ице Бегов и Општина Гевгелија потпишаа Договор со кој Фондацијата донираше специјално наменско возило со пристапна рампа кое ќе го користи Општина Гевгелија за превоз на лица со телесен инвалидитет и друга попреченост.

На потпишувањето на овој Договор, за кој Советот на Општина Гевгелија, на својата последна седница донесе одлука за прифаќање на оваа донација, присуствуваа Градоначалникот Андон Сарамандов, најблиските роднини и пријатели на Бегов, членови на Фондацијата како и членови на Здруженија на лица со попреченост во развојот и телесен инвалидитет од Општина Гевгелија.

Заблагодарувајќи се на оваа донација, Градоначалникот Сарамандов ја искажа својата благодарност за овој хуман гест на членовите на Фондацијата, која и досега со слични проекти помагаше таму каде што имаше потреба. Конкретно, рече тој, ова наменско возило ќе биде од големо значење не само за Општина Гевгелија туку и за сите корисници од социјално загрозените и ранливи категории, корисници на бесплатниот превоз кој го организира општината.

Фондацијата ИЦЕ БЕГОВ во Скопје е основана со цел вршење хуманитарни активности, поддршка и помош преку собирање средства и нивно насочување кон социјално загрозени категории лица и семејства, маргинализирана група граѓани, ранлива категорија граѓани, како и лица со попреченост.

Секој човек, истакнаа од Фондацијата, заслужува да ја почувствува човечноста на другиот: внимание, љубов, радост, верба, среќа и надеж за подобро утре, токму како што ИЦЕ БЕГОВ неизмерно ја споделуваше со неговото чисто и невино срце.
ИЦЕ БЕГОВ е роден на 28.07.1995 година во Гевгелија. Детството и школувањето го помина во Скопје. Неговата личност и карактер е синоним за вистински пријател, брат, верен другар, со чиста љубов која ја ширеше кај секого ива категорија граѓани, како и лица со попреченост.

Темпераментноста беше негова препознатлива карактеристика, а особено неговиот афинитет кон повеќе професии, меѓу кои: музиката, ветеринарството, занаетчиството особено кон неговата омилена професија електроинсталатер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *