„ФОНДАЦИЈАТА АПОЛОНИЈА“ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ГЕВГЕЛИЈА ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА
Денес, понеделник, 29 април, Фондација Аполонија во соработка со Здружението на пензионери од Гевгелија доделија 40 пакети со намирници за пензионери корисници на социјална пензија и минимална пензија како и претходно подготвени топли оброци, салата и десерт од страна на 20 жени членки на здружението на пензионери. Во дистрибуцијата и делењето на помошта се вклучија и неуморните волонтери од Црвен крст Гевгелија.
Покрај градот Гевгелија пакети со намирници и топли оброци беа доставени и до пензионери по населените места во општина Гевгелија и тоа: Богородица, Прдејци, Смоквица, Миравци, Моин, Горничет, Ума, Негорци, Кованец, Петрово, Милетково, Давидово. Во акцијата се вклучија одговорните лица во локалните клубови на пензионерите по населените места.
Целиот хуманитарен настан е во рамки на проектот „Доживување на втора младост во трето доба“ на Фондација Аполонија кој што се реализира во рамки на Регионалната Програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската Унија (ЕУ) и имплементирана од Програмата за развој на Обединети нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Гевгелија.