ДЕНЕСКА, ФОНДАЦИЈАТА „ИВАН ПЕНОВ“ ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ДОНИРАШЕ ПАКЕТИ СО ХРАНА ЗА 18 СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА

Денеска се наврши една година од трагичната смрт на младиот кошаркар на КК „Кожув“, Иван Пенов. Фондацијата формирана во негово сеќавање, во соработка со Црковниот храм „ Свети Кирил и Методиј“, по тој повод организираше хуманитарна акција.
 
Имено, оваа Фондација, наместо едногодишен помен за младиот кошаркар, подготви 18 пакети со храна, кои во текот на денешниот ден беа поделени на исто толку семејства кои се многудетни и социјално загрозени.
Со вакви акции, како и со продолжување на организирањето на Меморијалниот кошаркарски турнир во негова чест, кој изминатата година за прв пат се одржа, името на овој наш надежен кошаркар ќе остане во вечно сеќавање на сите граѓани на Гевгелија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *