Бојан Каракамишев, тренерот на екипата кажа дека тоа е резултат на желбата и пожртвуваноста, Богданци да добие второлигаш за што имаа и голема поддршка на трибините.
Да потсетиме дека тимот од Богданци играше и во првата сезона на независната МАКЕДОНСКА ПРВА ЛИГА во 1991/92 година , но по една сезона испадна и потоа се натпреваруваше во Втората фудбалска лига до 1997 година, кога се пресели во Тратата македонска фудбалска лига.
И, еве сега, по 27 години, во Богданци ќе се играат второлигашки натпревари и комшиското дерби Кожуф-Вардарски.