ФИЛИПО ГРАНДИ, ВИСОК КОМЕСАР ЗА БЕГАЛЦИ ПРИ ОН:

УНХЦР РАБОТИ СО ВЛАДИТЕ НА СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ НА УКРАИНА ДА ГИ ЗАДРЖАТ ОТВОРЕНИ ГРАНИЦИТЕ ЗА БЕГАЛЦИТЕ.
 
Најдлабоко сме загрижени од ситуацијата што брзо се влошува и воената акција што се случува во моментов во Украина. Хуманитарните последици врз цивилното население ќе бидат разорувачки. Не постојат победници во војна, а небројани животи ќе бидат уништени. Веќе гледаме известувања за жртви и луѓе кои започнуваат да ги напуштаат своите домови во потрага по безбедност. 
 
Животите на цивилите и цивилната инфраструктура мора да бидат заштитени и почитувани во секој момент, во склад со меѓународното хуманитарно право. УНХЦР работи со властите, ОН и другите партнери во Украина и подготвен е да обезбеди хуманитарна помош каде и да е потребно и можно.
 
 Во таа насока, безбедноста и пристапот за хуманитарни напори мора да бидат гарантирани. УНХЦР исто така работи со владите во соседните држави, барајќи од нив да ги задржат границите отворени за луѓето кои бараат безбедност и заштита.
 
 Подготвени сме да ги поддржиме напорите на сите за да одговориме на секоја ситуација на присилно раселување. Во истата насока, ги зголемивме нашите операции и капацитети во Украина и соседните држави. Остануваме цврсто посветени да ги поддржиме сите засегнати популации во Украина и државите во регионот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *