ЕТНО РЕСТОРАНОТ „КАЈ ВИКТОР“ ВО БОСИЛОВО ПОСЕТЕН ОД ЕПИСКОПОТ СТОБИСКИ, ГОСПОДИН ЈАКОВ:

„СЕКОЈА ЛИЧНОСТ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Е ПОСЕБЕН ЧОВЕК, ИСПРАТЕН ОД БОГ ЗА ДА СПРЕЧИ НАШИТЕ СРЦА ДА СЕ ПРЕТВОРАТ ВО КАМЕН“

Вчера викарниот епископ Стобиски г. Јаков со отците од СПЕ присуствуваше на настанот организиран од етно ресторан ,,Кај Виктор” во Босилово посветен на луѓето со аутизам и воопшто на лицата со посебни потреби. Станува збор за ресторан основан од Коста Тимов родител на син со аутизам со цел полесна инклузија на лицата со посебни потреби во средината, пишува тивериопол.мк.

Покрај децата од КУД ,,Свети Кирил и Методиј”, пред присутните настапија и дел од децата од училиштето за веронаука со репертоарот од Бадникарскиот концерт, објавувајќи го со радост Раѓањето Христово. Владиката се обрати со кратка поучна беседа зборувајќи за нашиот однос кон луѓето со посебни потреби и им подели Божиќни подароци на присутните деца. Меѓу другото епископот рече: Секоја личност со посебни потреби е специјален, посебен човек во овој свет, испратен од Бог за да спречи нашите срца да се претворат во камен и да не научи на сострадание и љубов.”

Инаку,  главна причина која го мотивирала Коста Тимов да отвори етно ресторан со широк зелен двор каде децата со посебни потреби ќе ги чувствуваат сите придобивки, бил проблемот кој постојано се појавувал во дел од угостителските објекти, каде гостите честопати коментирале „Зошто не останете дома“ или „Зошто сте го зеле тоа дете со вас“.

На дваесетти јуни минатата година за првпат ја отворил портата од својот ресторан именуван како „Етно ресторан кај Виктор“ за сите гости. Воедно ги поканиле сите родители на деца со посебни потреби од регионот и им ветиле дека во овој двор е добредојден за секого. Овде може да се организираат разни симпозиуми, семинари, традиционални фолклорни манифестации како и селски настани кои се оддржуваат на Велигден, Бадник и на други празници.

Секој вторник, Коста организира ден на деца со посебни потребни. Ги кани родителите на кафе муабет, а на децата им приготвува разни специјалитети. Во неговата кујна работи врвен готвач со долгодишно искуство, а му помага Виктор кој има свои кулинарски обврски зададени од неговиот татко. Тој се грижи за зеленчукот и овошјето, ја мие салатата, извршува полесни работи од кои не може да се повреди. Дознавме дека наскоро ќе биде вработен, со што ќе добие посериозна улога.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *