ЕКСКЛУЗИВЕН БИЗНИС НАСТАН ВО ГЕВГЕЛИЈА: „КАКО ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ?“

Извозната Aкадемија (Export Academy by Matrona Consulting) денеска во Гевгелија организираше бизнис настан со тема „Како до поголем извоз“-Трендови за подигање на извозната подготвеност на извозно ориентираните претпријатија од преработувачката индустрија.
Обуката, поддржана од Министерството за економија, беше посетена од голем број на претставници на претпријатијата од преработувачката индустрија како од Југоисточниот регионо така и пошироко.
 
Најнапред, претставниците на компаниите ги поздрави, им посака пријатно добредојде и успешна работа, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по што експерти во областа на меѓународнстс трговија дадоа свои анализи, мислења и решенија за предизвиците со кои се соочуваат македонските преработувачки компании во нивните инртернационални активности.
Исто така се слушна многу повеќе за новите трендови во извозот, како и на кои ризици и опасности се изложени извозно ориентираните компании, како да се адаптираати каде да ја бараат својата шанса во овие предизвикувачки времиња.
 
Предавачи на оваа обука беа др. Љупчо Велевски, , директор на сектор извоз во „Витаминка“, м-р Михајло Евросимовски, експерт за ИСО стандарди, професор д-р Владимир Петковски, Економски институт при УКИМ, Сашо Ристески, извршен секретар на Македонскатаасоцијација на преработувачи и м-р Тања Евросимовска, оснивачка на Export Academy by Matrona Consulting.
 
Export Academy by Matrona Consulting е професионална и научна организација која се занимава со извоз и интернационализација на компании, користејќи ги во пракса потврдените професионални искуства на врвни експерти, научни истражувања, вмрежување и соработка со авторитетни индустрии од странство. Тоа е центар за бизнис интернационализација кој ги обединува меѓународните експерти, најдобрите искуства, најновото знаење и преку системот за обука на сите иманентни модули на интернационализација, ги подигнува извозните перформанси на компаниите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *