ДВОЕН ТРИУМФ НА ГЕВГЕЛИЧАНИТЕ АТАНАС ЕПОВ И ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ НА ТРКАТА ВО ВАВДОС, ХАЛКИДИКИ, ГРЦИЈА

Во неделата, на 19 мај 2024 година, во Вавдос, Халкидики, Репиблика Грција се одржа осмото издание на „Vavdos Trail Run“ трката на 21 километар, на 6 километри, и на детската трка на 1,3 километри.
Може слободно да кажеме дека и на оваа трка во најдобро светло се покажаа атлетичарите на гевгелискиот клуб „7-ми Ноември“
 
На трката на 5,6 километри на подиумот се искачија Атанас Епов, кој го освои првото место, и Влатко Семенаков кој на целта беше втор.
Инаку, централна трка во Вавдос беше планинскиот полумаратон, на 21 километар, и во една исклучително силна конкуренција, Дарко Прошевски постигна убав успех и го освои 14 место, со истрчана патека во време од 3 часа.
 
Честитки заслужува и подмладокот на АК „7-Ми Ноември. Во детската трка на 1,3 километри, во машка категорија, за деца над 6 години, Томче Петков го освои првото место, додека Божидар Цицмиловиќ беше одличен, трет. Во женска конкуренција Добрила Семенакова го освои второто место, а во трката под шест години, Костадин Семенаков беше втор.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *