ДВА ЗЛАТНИ, ДВА СРЕБРЕНИ И ЕДЕН БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА „МОБИЛНОСТ“ ГЕВГЕЛИЈА

На 36 -те Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет кои се одржаа во Струга и во Охрид во хотелот „Струшки Галеб“ натпреварувачите од Мобилност Гевгелија со уште стотина лица со телесен инвалидитет од земјата и соседните држави се натпреваруваа во дисциплините пинг-понг, стрелаштво и атлетски повеќебој фрлање копје ѓуле и диск. 

Тие освоија вкупно 5 медали две Златни медали освоија Тамара Гошева од Валандово која го освои првото место во атлетски повеќебој фрлање копје ѓуле и диск во категорија жени стоење Ф37 Ф42-46 и општа, и Никола Пеев од Стојаково во категорија атлетски повеќебој фрлање копје ѓуле и диск мажи стоење категорија Ф36-38 Ф42-44 и општа.
 
Во истата категорија Александар Талески од Дојран го освои второто место. Даниела Гошева Кангов од Гевгелија освои второ место во атлетски повеќебој фрлање копје ѓуле и диск категорија жени седење Ф54-57 додека во истата категорија трето место овои Благица Ѓоргиевска од Валандово. Горан Џелајков од Стојаково во атлетски повеќебој фрлање копје ѓуле и диск освои петто место, исто како и Илчо Кангов во пинг понг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *