ДРЖАВНАТА ВИДЕОЛОТАРИЈА „КАСИНОС АВСТРИЈА“ ЌЕ ДОНИРА СРЕДСТВА ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ КАКО И ДЕТСКИ ПАРК ВО ГЕВГЕЛИЈА.

Државната Видеолотарија Касинос Австрија во склоп на своите заложби за општествена одговорност, отпочна со реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја, како и детски паркови
Така, на наредната седница на Советот на општина Гевгелија ќе се најде Предлог –одлуката за примање на донација од Државната Видеолотарија Касинос Австрија за уредување-реконструкција на мултифункционален терен за ракомет, фудбал и кошарка, како и изградба на детски парк. Во Гевгелија, тие сакаат да донираат средства за изградба на едно мултифункционално спортско игралиште за ракомет, кошарка и фудбал, на просторот на Ракометното игралиште кај стадионот на ФК „Кожуф“, како и детско игралиште и парк, на просторот пред социјалните згради, во близина на кружниот тек на Булеварот „Гевгелија“опремено со различни детски играчки, меѓу кои ќе има и такви прилагодени за децата со посебни потреби.
Целта ни е, велат од Видеолотарија Касинос Австрија, да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде може да уживаат во безгрижно детство, па затоа и одлучивме да го подготвиме овој амбициозен проект низ кој ќе обезбедиме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта на неколку локации во земјата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *