ДРЖАВАТА МИЧИГЕН ГО ПРОГЛАСИ СЕПТЕМВРИ ЗА МЕСЕЦ НА МАКЕДОНСКОТО НАСЛЕДСТВО ВО САД.

Ова е првпат во историјата на САД државен законодавен дом да донесе резолуција со која се прогласува месец на македонско-американското наследство.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е благодарна и горда за усвојувањето на резолуцијата бр.149 од страна на Претставничкиот дом на Мичиген, со која септември годинава се прогласи за месец на македонско-американско наследство во сојузната држава Мичиген, каде живеат околу 125.000 Американци со македонско потекло.
Минатата година, гувернерката на Мичиген Гречен Витмер, го прогласи 8-ми септември за Ден на Македонците во Америка во сојузната држава Мичиген. Ова е првпат во историјата на САД државен законодавен дом да донесе резолуција со која се прогласува месец на македонско-американското наследство. ОМД се надева дека ова ќе инспирира идни напори во други држави, како и дека септември ќе биде прогласен и на национално ниво за месец на македонско-американско наследство.
ОМД му е благодарна и на државниот претставник Ричард Стинленд, демократ, кој го отслужува својот прв мандат како претставник на 22. округ, кој го опфаќа градот Розевил и дел од градот Ворен, за поднесување на резолуцијата 149 на Претставничкиот дом.
“Македонците емигрираа во сојузната држава на Големите Езера од 1880-тите, и денес сочинуваат енергична заедница во Метро Детроит и низ Мичиген, учествувајќи во сите сфери на животот. Тие се пример за сите жители на Мичиген, и како пријател на заедницата, ми беше задоволство да ги водам напорите за прогласување на септември за месец на македонско-американско наследство,” рече Стинленд.
Резолуцијата 149 на Претставничкиот дом признава дека “неверојатниот придонес и наследството на македонските Американци ни помогнаа да изградиме подобар Мичиген,” и изрази “топли честитки и најдобри желби од Претставничкиот дом на Мичиген до сите македонски граѓани ширум светот кои одбележуваат 30 години независност на Македонија, и ја призна интегралната улога на македонските Американци во економијата, културата и идентитетот на Мичиген.”
Резолуцијата 149 на Претставничкиот дом ги повикува “жителите на Мичиген да го прослават месецот на македонско-американското наследство со соодветни програми и активности кои го слават придонесот на Македонците од Америка во Мичиген.”
“Македонците оставија посебен печат во историјата на Мичиген. Резолуцијата 149 ја препознава и цени нашата македонска работна етика, традиции и богато наследство, како и влијанието што го направивме во Мичиген,” рече членот на Управниот одбор на ОМД и претставник за Мичиген Деана Јанчески

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *