ДРВО КОЕ РАЃА 40 РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА ОВОШКИ.

На секое вакво уникатно “Tree of 40 Fruit” растат 40 различни плодови меѓу кои повеќе видови на сливи, праски, нектарини, кајсии, цреши, вишни, па дури и бадеми, а дрвото е добиено по пат на калемење.
Сем Ван Акен, професор по уметност од Универзитетот Саракуза, успеа да создаде хибрид дрво кое раѓа 40 различни плодови.
После пет години напорен труд, Ван Акен успеал да креира дрво кое раѓа 40 различни видови на овошје.
 
Тој вели дека е исклучително горд на своето достигнување.
Дрвото на Ван Акен изгледа како и повеќето останати дрвја во текот на поголемиот дел од годината, меѓутоа кога настапува пролетта, неговото дрво прави вистинска експлозија од розови, виолетови, црвени и бели пупки, за подоцна, неговото “Tree of 40 Fruit” да роди различни типови на сливи, праски, кајсии, цреши, па дури и бадеми. За сега се одгледани само 16 вакви дрва на територијата на САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *