ДРАГИЦА МИТРОВА И НАРЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ИГРА ЗА ЖРК „ГЕВГЕЛИЈА“
Гевгелиската најдобра ракометарка Драгица Митрова, иако планираше да се прости од активното играње, сепак, и во наредната сезона ќе го носи дресот на ЖРК „Гевгелија“.
Иако има 34 години, Митрова е сеуште во одлична форма, што потврдува фактот дека во минатата сезона беше меѓу најдобрите десет стрелци со постигнати вкупно 190 погодоци со што заврши на шестото место .
За следната сезона ЖРК „Гевгелија“ планира неколку засилувања со што амбициите на клубот се подобар пласман на табелата и создавање на квалитетни играчи, на кои ќе може да се смета во иднина.