Д-Р ВАСКО ШУТАРОВ НАЗНАЧЕН ЗА ДИРЕКТОР НА КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО БЕЛГРАД

На вчерашната трета седница, Владата донесе одлука за нови именувања во државните институции. За Директор на Културно-Информативен Центар на Република Македонија во Белград. Со него ќе раководи Васко Шутаров, на предлог на министерот за култура. Шутаров дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Бил советник во советот на Општина Гевгелија и пратеник во собранието, а автор е на број научни трудови и книги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *