Д-Р ЕЛЕНА ЈОВАНОВА: „САМО ВАКЦИНИРАНО ДЕТЕ Е ЗДРАВО ДЕТЕ“

По повод Европската недела на имунизацијата, која оваа година се организира по 19-ти пат, под мотото „Заштитуваме генерации“, вакциналниот тим на Општата болница со проширена дејност од Гевгелија, под покровителство на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, денеска, на плоштадот во Гевгелија подели промотивен материјал а се со цел да се подигне свеста кај населението за важноста на имунизацијата од справување со заразните заболувања.
 
Во оваа прилика, докторката Елена Јованова упати апел до сите родители на Општина Гевгелија, редовно да ги вакцинираат своите деца, затоа што само вакцинирано дете е здраво дете.
Во склоп на одбележувањето на оваа недела беше организирано и предавање во ООУ „Владо Кантарџиев“ на тема ХПВ вакцина и нејзината улога во заштитата од карциномот на грлото на матката кај женската популација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *