Деновиве до Директорот на Општата болница Гевгелија пристигна информација дека по одлуката на Мониторинг комитетот на Interreg (VI-A) ИПА CBC Програмата „Грција-Македонија 2021-2027“ од 15.07.2024 година, Предлог-проектот за делумна реконструкција на Физикалната терапија при Негорските бањи, која работи во состав на Општата болница успешно ја помина оценката во првата фаза , со препорака за потребите од втората фаза да се достават технички проект и градежната дозвола.
Се очекува, додолку проектот ја помине и оваа фаза и биде одобрен од ЕУ, за реализација на овој зафат да бидат одобрени 350.000 евра преку посочената програма .
Инаку, во Општата болница со проширена дејност во тек е и опремувањето со сопствени средства на новото Одделение за стерилизација, при што се набавени апарати во вредност од 65.000 евра за стерилизација а кои се наменети за операционите сали.