Во рамките на 43 тото издание на Меѓународниот саем за туризам во Белград, Србија, на својот штанд, општина Дојран ги промовира своите туристички потенцијали тргнувајки од сместувачките капацитети но и сите свои убавини што ги има за одмор и релаксација. Голем број оператори но и посетители на саемот во Белград се интересираа за туристичката понуда на Дојран која изобилува со разновидните содржини и стана една од посакуваните дестинации на Балканот.
Голем број гости уживаа во специјалитетите од риба од Дојранското езеро а се интересираа и за сместувачките капацитети но и за останатите културно историски локалитети за посета при евентуален престој во Дојран. Дојранската вечер се организираше благодарение на соработката со ресторан Калдрма, хотел Романтик и ресторан Фук так сите од Дорјан кои ги презентираа своите капацитети но и специјалитети кои се препознатливи насекаде .