Новата туристичка сезона Дојран ќе за започне со нови содржини и нов, изменет лик но централното подрачје. До крајот на овој месец се очекува комплетно да заврши реализацијата на проектот насловен ,,Дојран туристички бисер на југоисточна Македонија,, финансиран од ЕУ и Владата преку кој се уредуваа површина од околу 36.000 метри квадратни.Со проектот освен нови парковски содржини туристите ќе добијат и нови детски игралишта, игралишта за домашни миленици, и простор за рекреативни друштвени игри.
Дел од понудата оваа сезона во Дојран ќе биде и обновената плажа Калдрма во Нов Дојран која важи за една од најстарите плажи во овој туристички центар, но реконструираните културно историски споменици како што се саат кулата, турската бања и пристапните патеки до нив.
Интензивно се работи и на уредување на плажата ,,Stage beach‘‘ во населбата Карач во Дојран која според најавите на концесионерот треба да биде ставена во функција за стартот на Европското првенство во фудбал или кон средината на идниот месец. Станува збор за поранешната плажа ,,Св Никола’’ која се наога веднаш спроти паркинг просторот на Гранит која е на површина од 6 000 квадратни метри. . Според најавите, плажата се очекува да има околу капацитет од 600 гости. Таму ќе има паркинг простор, детско рекреативно катче, шанкови за освежување, ресторан за брза храна.