ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИТЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ НА ВТОРАТА РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Во склоп на Детската недела, на 04.10.2024 се доделија дипломите на учесниците во втората работилница за креативно пишување за ученици во основните и средното општинско училиште во Гевгелија, по што следуваше и литературно читање на творбите на пријавените ученици.
Директорот Марковски им заблагодари на менторките проф. Елизабета Инадеска-Ефремова и проф. Вања Манчева што успеаја да го разбудат креативниот интерес на учениците, воведувајќи ги низ сложениот и повеќеслоен процес на пишување, со надеж дека интересот за оваа работилница и понатаму уште повеќе ќе ги охрабрува учениците да го негуваат и изразуваат својот талент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *