ДОБРИЛА ЧАБРИЌ, „ЧЕЛИЧНАТА МУЗИЧКА ДАМА“ ОД ДОЈРАН, ДЕНЕС ГО СЛАВИ СВОЈОТ 96 РОДЕНДЕН.

ИМА ЖЕЛБА ДА СНИМИ ДУЕТ СО СТЈЕПАН-ЏИМИ СТАНИЌ.
Добрила Чабриќ, највозрасната пејачка на Балканот, ако не и пошироко, слободно може да го носи епитетот „челичната музичка дама“ од Дојран. Секогаш со позитивна енергија, секогаш расположена за песна и игра.
Ја прашав Доби, што ќе си посака за својот роденден, и за оваа 2024 година.
„Јас сеуште навистина не сум рекла се. Покрај печатењето и промоцијата на мојата книга „На патот кон 100-та“ на македонски јазик, планирам, здравје, во соработка со МНТ на пролет да направам монодрама, базирана на книгата. Покрај моите монолози, ќе пеам многу романси, шансони и песни во Русија, Франција и други држави, пред познати и еминентни личности. Се разбира ќе има и песни од времето кога со „Дуо Нанос“ жаревме и палевме низ Југославија и надвор од неа.
Но, имам навистина една желба, а тоа е да снимам заедничка песна со легендарниот Стјепан Џими Станиќ. Каков дует би било тоа, најпопуларниот и најстариот жив балкански, ако не и Европски пеач заедно со најпопуларниот жив македонски забавувач. Двајцата „тежиме“ 190 години. Доби и Џими, каков спектакл за очите и ушите.“
А, јас, што би и кажал. Освен да и посакам среќен роденден на Доби од Дојран. Познавајќи ја енергијата и харизмата на Добрила, знам дека овој дует не е невозможен, или што би рекол писателот, верувам дека сите сили на овој свет ќе се соберат да и ја исполнат оваа нејзина роденденска желба желба.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *