ДОБРА ВЕСТ ОД ДАНСКА.ЕРИКСЕН КОМУНИЦИРА СО ЛЕКАРИТЕ И Е НАДВОР ОД ЖИВОТНА ОПАСНОСТ. КАКО КЈЕР И ЛЕКАРИТЕ МУ ГО СПАСИЈА ЖИВОТОТ.

Данците и Финците сметаа дека нивниот натпревар, на почетокот на натпреварувањето во групата Б на Европското првенство во фудбал, ќе биде „како и секој друг“, но тој дуел беше прекинат со драматична сцена во 42-та минута.
Тогаш Кристијан Ериксен, ѕвездата на средниот ред на италијанскиот шампион Интер и главен организатор на данската игра, одеднаш падна. Сега, како што беше официјално објавено, тој е свесен и во „стабилна состојба“, но тоа не е единствената добра вест.
Имено, како што јавува влијателниот холандски новинар Озџан Ајол, “Ериксен нормално може да оди и да зборува. Тој е буден”, изјави за НПО Радио 1 менаџерот на данскиот ас, Мартин Скотс, по разговорот со таткото на Кристијан.
“Кристијан Ериксен сега е надвор од животна опасност (по живот). Неговиот татко ми го кажа тоа од болница. Можеше да разговара со неговиот син”. Ериксен им порачал на своите соиграчи да ја продолжат играта и да ја играат до крај, пренесува „Спортстудио“.
Сајмон Кјер прв му притрча на Кристијан Ериксен кога тој падна.
Кјер му го извади јазик и му даде вештачко дишење, потоа медицинскиот тим тогаш одговори навремено и заврши феноменална работа.
Според последните информации, брзата реакција на Кјер и одличната работа на медицинскиот тим на теренот му го спасиле животот на Кристијан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *