ДНЕВЕН ЦЕНТАР ГЕВГЕЛИЈА СО АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, 3-ТИ ДЕКЕМВРИ

По повод ,,3 ти Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост” Дневниот центар на лицата со попреченост организираше неколку активности под слоганот ,, И ние можеме да подариме”.

Корисниците на овој Центар ги посетија основните училишта ,, Владо Кантарџиев” , ,,Крсте Мисирков” од Гевгелија , ,,Ристо Шуклев” од Негорци , ,,Климент Охридски” од Миравци и ,,Петар Мусев” од Богданци, и на првачињата им подарија рачно изработени украсни гипсени фигури изработени од корисниците на Центарот. Исто така, тие го посетија и детското одделение во Општата болница во Гевгелија и на малите пациенти им подарија гипсени фигури и водени боици.

На крајот, тие им врачија Благодарници на директорот на ЈЗУ Општа болница со приоширена дејност во Гевгелија, д-р. Александар Киров и на д-р. Сашко Цветковиќ, психијатар за овозможената соработка и подршка во функционирањето на Дневниот центар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *