ДЕТСКА ПРЕТСТАВА „РАЗГАЛЕНИОТ ПРИНЦ“ НА ТЕАТАРОТ „ХИТ“ ОД СКОПЈЕ

Во Гевгелија, на 17 јули 2024 година (среда), ќе гостува Театар „Хит“- Скопје со претставата за деца од нивниот репертоар „Разгалениот принц“.

 Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, претставата ќе биде изведена во рамки на јулската програма за „Гевгелиско културно лето“, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:30 часот. 

Се работи за претставата којашто ги обработува детските права, но и ги потсетува дечињата на обврските што треба да ги исполнат. Улогите ги толкуваат Mагдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов, а режијата е на Сашо Ристовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *