ДЕНС ГРУПАТА „ДИВА“ СОНОТ ГО ПРЕТВОРИ ВО РЕАЛНОСТ СО НАСТАПОТ НА ГЕВГЕЛИСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО

Понекогаш сонот станува реалност. Тоа се обидоа, и според реакцијата на публиката, го остварија, членовите на денс групата „Дива“, кои настапија на платото пред Народниот театар. Под менторство на Марија Граматикова, тие, преку приказната за девојката Утопија, низ игра и музика ги одведоа присутните со отворени очи во земјата на соништата, пренесувајќи им пораки да бидат храбри и да веруваат дека сè е возможно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *