ДЕНЕСКА Е УСПЕНИЕ НА СВЕТА ПРАВЕДНА АНА, МАЈКАТА НА БОГОРОДИЦА

Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември.
Праведната Ана била ќерка на Матан, и по татко била од коленото Левиево, а по мајка – од коленото Јудино.
Сопрузите, Јоаким и Ана, живееле во Назарет Галилејски. Тие немале деца до длабока старост и сиот свој живот жалеле за тоа. Тие морале да поднесуваат презир и потсмевања, затоа што во тоа време бездетноста се сметала за срам. Но, тие никогаш не роптале и само топло Му се молеле на Бога, смирено надевајќи се на Неговата волја. Еднаш, за време на еден голем празник, даровите кои праведниот Јоаким ги донел во Ерусалим за да Му се принесат на Бога, не биле примени од свештеникот Рувим, кој сметал, дека бездетниот маж не е достоен да Му принесува жртва на Бога. Тоа го растажило старецот, и тој, сметајќи се за најгрешен од луѓето, решил да не се враќа дома, туку да се всели на пусто место и да живее во осамеништво. Неговата праведна сопруга Ана, дознавајќи на какво понижување бил изложен нејзиниот маж, почнала во пост и молитва, со солзи да Го моли Бога за да ѝ подари дете. Во пустинското осамеништво и испосништво, за истото Го молел Бога и праведниот Јоаким. И молитвата на светите сопрузи била услишана: на обајцата, Архангел Гаврил им соопштил, дека ќе им се роди Ќерка, Која ќе ја благословува сиот род човечки. По наредба на Небесниот Гласник, праведните Јоаким и Ана се сретнале во Ерусалим, каде по ветувањето Божјо, им се родила Ќерка, наречена Марија.
Света Ана починала на 70 години, две години после воведувањето во храмот на Пресвета Богородица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *