ДЕНЕСКА СО МОНОДРАМАТА „КРОТКА“ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА КУЛТУРА „ТРАНЗЕН“ ОД СТРУМИЦА ЗАПОЧНУВААТ КУЛТУРНИТЕ НАСТАНИ ПО ПОВОД „СПАСОВДЕН 2021“

Четиридневната културна програма по повод празникот на град Гевгелија ќе започне со монодрамата „Кротка“, во продукција на Здружение за култура „Транзен“- Струмица, која гевгеличани ќе имаат можност да ја проследат денеска, вторник, 8 јуни, во Народниот театар, со почеток во 20:00 часот. Станува збор за новелата „Кротка“ која е едно од подоцнежните дела на Достоевски. Таа е напишана според вистински настан за кој Достоевски дознал од петербуршките весници – самоубиството на млада, сиромашна девојка, која скокнала од прозорецот, држејќи ја семејната икона во рацете. Во новелата, Достоевски ја слика бурната драма на судирот меѓу две личности, меѓу два пола, меѓу две генерации. Режијата е на Дејан Ангелов а на сцената ќе го видиме актерот Стојан Велков

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *