Денес се одбележува денот на лицата со Даунов синдром.Тие треба да бидат прифатени како рамноправни учесници во општеството кои се способни да ги бараат своите права, способни да живеат осмислен живот и да придонесат кон градење инклузивно и одржливо општество.
Во знак на поддршка за лицата со Даунов синдром, денеска ќе се носат шарени чорапи, и ќе се лакираат ноктите во различни бои.
21 март е симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба
Овие лица живеат во нашиот свет, само треба да го смениме нивниот живот од раѓањето, па натаму, за да бидеме во ситуација кога ќе бидат возрасни единки да бидат веќе изградени личности кои конструктивно и целосно ќе може да придонесат во општеството. Многу важно е да се потрудиме системски заеднички да понудиме поквалитетен живот на овие лица.