ДЕНЕСКА Е СВ. СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ХАРАЛАМПИЈ: ЈА ДРЖИ ЧУМАТА ВО СИНЏИРИ И ЗАШТИТНИК Е НА ПЧЕЛАРИТЕ
Свети Харалампиј бил епископ на градот Магнезија, Тесалија. Мудар старец. Во текот на 113-те години од својот живот бестрашно го проповедал Христос сред-среде бесните прогони на христијаните. За Христа пострадал на крајот од вториот век, за време на владеењето на императорот Септимиј Север.
Празникот на светиот свештеномаченик Харалампиј народот го вика и Чуминден, зашто овој светец од христијанскиот календар е поврзан со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува со чумата зашто таа се сметала за најопасна болест. Пчеларите го празнуваат како свој празник.