ДЕНЕСКА Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕТЕТО

„Твоите деца не се твои деца. Тие се синови и ќерки на копнеж по животот сам по себе. Тие доаѓаат преку тебе, но не од тебе.
И иако се покрај тебе, не ти припаѓаат тебе“, вели познатиот поет Калил Џибран, чии поетски зборови ја имаат истата универзалистичка семиотика на поставените заложби за правата на децата кои се пронаоѓаат и како порака на Генералното собрание на ОН, кое препорачува дека сите земји треба да воспостават Универзален ден на детето, а децата да имаат своја соодветна правно-општествена заштита.
 
Најновите истражувања на Првата Детска Амбасада во светот “Меѓаши” од Македонија, покажуваат дека дури 70 % од децата во нашата земја не знаат ниту едно свое право. Значително мал број на деца бараат помош од училишните психолози и педагози, а за своите права најчесто дознаваат во училиште.
Непријавена и неказнета најчесто останува злоупотребата на детскиот труд, кога родителите ги тераат децата да работат. Правобранителството бара децата од улица да влезат во посебна категорија на заштита, како и да се отворат посебни центри во кои би се третирале децата зависници од дроги, но и трговија со деца.
 
Секоја година повеќе од 1 000 деца во Македонија се жртви на полови напади, најчесто од своите родители, пријатели или соседи. Статистиките покажуваат дека 18 000 деца до 18 години не одат на училиште. Околу 2 000 деца се на улица и тие најчесто се жртви на злоупотреба. Исклучени од воспитно-образовниот процес, тие најчесто се жртви на сексуална злоупотреба, на педофилија, трговија со деца и слично.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *