ДЕНЕСКА Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕЦАТА, ТИЕ СЕ СИНОВИ И ЌЕРКИ НА КОПНЕЖОТ ПО ЖИВОТОТ

На 1 јуни го славиме Меѓународниот ден на детето. Празникот потекнува од Светската конференција за прашањата на детското здравје, одржана во Женева во 1925 година.
Идејата за одбележување на овој ден доаѓа во 1925 година, кога кинескиот генерален конзул во Сан Франциско собира неколку кинески деца сираци и ги води на празникот на чамци-змејови (кинески празник, што влече корени од почетокот од антиката и е поврзан со пролетната рамноденица).
 
Подоцна неговата иницијатива е продолжена, независно од тоа што се одржува меѓународна конференција за прашањата на детското здравје, во САД и во Европа .
Во 1949 година, денот официјално е прогласен за Меѓународен ден за заштита на децата, а во 1950 година 1 јуни за прв пат е одбележан во 51 земји во светот.
 
„Твоите деца не се твои деца. Тие се синови и ќерки на копнеж по животот сам по себе. Тие доаѓаат преку тебе, но не од тебе. И иако се покрај тебе, не ти припаѓаат тебе“, вели познатиот поет Калил Џибран, чии поетски зборови ја имаат истата универзалистичка семиотика на поставените заложби за правата на децата кои се пронаоѓаат и како порака на
Генералното собрание на ОН, кое препорачува дека сите земји треба да воспостават Универзален ден на детето, а децата да имаат своја соодветна правно-општествена заштита.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *