ДЕНЕСКА 148 МАТУРАНТИ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ГО ПОЛАГАА ПРВИОТ ЕКСТЕРЕН ТЕСТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

148 ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“, кои го завршија средното образование и се пријавија за државната матура, денеска од 10 часот го полагаа првиот екстерен испит – мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15 294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година.
Вториот екстерен испит, кој е изборен, е закажан за 11 јуни. Тест по математика избрале 1529 матуранти. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски (13 452). Германски јазик ќе полагаат 140, француски јазик 32, руски јазик 18.
Резултатите од тестовите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *