ДЕНЕСКА 145 МАТУРАНТИ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ГО ПОЛАГААT ВТОРИОТ ЕКСТЕРЕН ТЕСТ

145 ученици, матуранти од СОУ „Јосиф Јосифовски“, денеска од 10 часот го полагаат вториот екстерен испит во рамки на задолжителната државна матура.. Од нив 129 полагаат англиски јазик, додека 16 одбрале да полагаат математика
Матурантите во државата имаа можност да изберат меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. Тест по математика избрале 1529 матуранти. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски (13 452). Германски јазик ќе полагаат 140, француски јазик 32, руски јазик 18. Според наставниот јазик, на македонски за испитот денеска се пријавени да полагаат 10 886 матуранти, на албански 4134 и на турски наставен јазик 274.Резултатите од двата екстерни испита ќе бидат објавени на почетокот на јули, односно најдоцна 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит.
За матурантите имаат коронавирус или се во изолација, овозможени се дополнителни термини за полагање на 25 и 28 јуни. Оние матуранти пак кои нема да ја положат матурата во јуни, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот екстерен и 13 август за вториот екстерен испит.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *