ДЕНЕС ЗАВРШУВА 35-ТО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ НА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ И УМЕТНИЦАТА МИРЈАНА КРСТЕВА МАССЕТИ

Денес завршува 35-то издание на Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“, која е една од најстарите ликовни манифестации од ваков вид и единствена која се реализира во сакрален амбиентален простор.
На овогодинешната ликовна сесија учествуваа 11 ликовни творци од земјата и странство и тоа: Данчо Ордев, Стефан Хаџиниколов, Мирјана Крстева Масети, Валентина Илијевска, Лазо Ѓоргиевски, Нела Јанковска, Дејан Иванов – Маргуш од Република Северна Македонија, Светозар Тасиќ од Србија, Снежана Мелник од Украина и Георги Андонов и Љубима Брдарова од Бугарија.
Уметниците работеа по слободен тематски пристап, принцип со кој од основањето до денес се негува слободата на духот и творештвото.
Создадените дела ќе се презентираат во манастирската галерија, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка и во повеќе градови во земјата.
Оваа значајна уметничка манифестација е подржана од Министерството за култура, Општина Крива Паланка и од манастирот „Св.Јоаким Осоговски“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *