ДЕНЕС ЗАПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО И ЗАПИШУВАЊЕТО ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА.ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ МЕСТО ИМА ЗА 286 УЧЕНИЦИ, 102 ВО ГИМНАЗИСКО И 184 ВО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ.

Согласно конкурсот на МОН, првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши денеска од 12:00 часот до 19:00 часот, утре и задутре во период од 7:00 часот до 19:00 часот и в четврток во период од 7:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават в четврток од 16:00 часот до 19:00 часот. Второто пријавување овој месец е на 23 и 24 јуни, а третото е на 30 јуни.
Вкупно 286 ученика во 10 паралелки може да се запишат во СОУ Јосиф Јосифовски во Гевгелија каде се воведува и Здравствена струка со образовен профил физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра каде треба да се примат 25 ученика.
Освен за ова струка во СОУ Јосиф Јосифовски има и Угостителко туристичка струка каде може да се запишта 50 ученика во две паралелки а 50 ученика може да се запишат и во Машинската струка. За овие две струки како и за економско правната струка каде може да се запишат 25 ученика се во соработка со тамошни компании.
Во Ова училиште има и Гимназиско образование каде ќе се запишта 102 ученика во 3 паралелки и една со 34 ученика која ќе биде македонско-француска билингвална паралелка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *