ДЕНЕС СЕ ОТВОРА „ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА“ НА ДЛУМ

Денес се отвара „Годишната изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ во Национална Галерија објект Мала станица со почеток во 20 часот.
 
“Годишна изложба на ДЛУМ” претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број на членови на ДЛУМ. Една од учесничките е и м-р Мирјана Крстева Массети со делото „Конгруенција“
Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. 
 
Значењето на оваа изложба е големо во ликовно – историски контекст, бидејќи овозможува директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ.
ДЛУМ поддржувајќи го значењето на оваа изложба, секоја година, па и оваа, 2023, ќе додели четири награди: за сликарство, скулптура, графика и нови медиуми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *