ДЕНЕС СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА
Од 1967 година, 2 април – односно, роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, се смета за меѓународен ден на детската литература (International Children Book Day), кој се слави за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги. Ханс Кристијан Андерсен е автор на безвременските бајки со универзални пораки помеѓу кои се: „Малата сирена“, „Снежната кралица“, „Принцезата на зрно грашок“, „Девојчето со кибритчињата“ и „Палешка“.
Децата од одамна негувале љубов кон квалитетните наслови – со водство на Малиот принц, од Патувањата на Гуливер, Робинсон Крусо, Хаклбери Фин, преку Матилда, Мери Попинс или Алиса во земјата на чудата, па се’ до поблиското минато на Хобитот, Хрониките на Нарнија и Хари Потер…
Одамна големиот Ајнштајн има речено: „Ако сакате Вашите деца да бидат интелигентни, читајте им приказни. Ако сакате да бидат уште поинтелигентни, читајте им уште повеќе приказни.“