ДЕНЕС СЕ НАВРШУВААТ 56 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПИСАТЕЛ АНТОН ПАНОВ, РОДЕН ВО СТАР ДОЈРАН.

Панов е роден во Стар Дојран на 13 април 1906, а почитанл во Струмица на 28 август 1968 — истакнат македонски драмски писател. Тој е роден во куќата на сиромашен рибарски трговец.
Познато е дека и мајка му потекнува од сиромашно рибарско семејство. Основно училиште и првите четири класа гимназија ги завршил во Струмица, а од петтиот до осмиот клас учи во Белград, не завршувајќи ја гимназијата. Меѓутоа паралелно со гимназијата, Панов посетувал и музичко училиште во Белград каде што учивиолина, соло пеење и балет. Во фокусот на неговиот интерес беа музиката и драмата.
 
Во македонската книжевност Панов е познат како автор на драмски дела. Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета. Драмата првпат е изведена во Скопје на 3.03.1936 година, а потоа е изведувана во многу театри, меѓу кои и во Белград иСкопје. Неговата книжевна дејност е од извонредно значење за македонската книжевност. Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари.
Панов напишал повеќе прозни и сценски текстови.
• Роденденот на Серјожа Јегоркин (расказ, 1928)
• Тимка (расказ, 1930)
• Го јаделе болви (расказ, 1930)
• Печалбари (драмаа, 1936)
• Стега / Вероника (драма, 1939)
• Препородени (драма, 1950)
• Самракот (драма, 1951)
• Градинар (драма, 1958)
• Пиликатник (драма, 1959)
Центарот за култура во Струмица го носи неговото име, а во негова близина се наоѓа и биста на драмскиот писател изработена од струмичкиот академски сликар и вајар Митко Тошев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *