ДЕНЕС ЌЕ СЕ ОДРЖИ 38-ТА (ВОНРЕДНА) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

За денес, 17.02.2024година, (сабота) со почеток во 15 часот во малата сала на Народниот театар во Гевгелија, е закажана 38-та (вонредна) седница на Советот на Општина Гевгелија. На дневен ред на седницата ќе бидат две точки :
 
1.Предлог-Одлука за донесување на Детален урбанистички план за блок 11(дел 11.3), Општина Гевгелија, , плански период 2019-2024
Овој ДУП опфаќа површина од 10,86 хектари, а границата на планскиот опфат се движи по осовината на улиците
– на југоисток по основа на улица „Булевар Гевгелија“
– на североисток по осовина на улица Новопланирана 6
– на југозапад по регулациона линија кон железничка пруга
– на северозапад по југоисточна граница на дел од Блок 11(11.1)
Во овој плански опфат се предвидени објекти за
-Комерцијални и деловни намени-големи трговски единици,
-Производство,дистрибуција и сервиси
 
2. Предлог-Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Блок 1.2, Блок 2.1 и Блок 2.2, Општина Гевгелија, плански период 2019-2024.
Овој ДУП опфаќа површина од 24,2 хектари, а границите на планскиот опфат се
-на север границата се движи по осовината на постојната сервисна улица „Слободан Митров-Данко“
-на исток продолжува по осовината на сервисната улица „Борис Кидрич“
– на југ се движи по осовината на на собирната улица „Маршал Тито“ и
– на запад по осовините на станбените улици „Гевгелиски Партизански Одреди и „7-ми Ноември“
Во овој плански опфат се предвидени објекти за
А. Домување(во станбени куќи, станбени згради и времено сместување)
Б.Комерцијални и деловни намени(мали комерцијални и деловни намени, големи трговски единици, деловни простории, хотелски комплекси
В. Јавни институции(образование, култура,државни институции
Д. Зеленило и рекреација(заштитно зеленило)
Е. Инфраструктура(комунална инфраструктура-улична мрежаи други инфраструктурнисистеми, и комунална супраструктура(трафостаници, катна гаража,автобуска станица
 
Од општината информираат дека итноста на оваа седница произлегува од фактот што предложените ДУП-ови потребно е да бидат донесени од Советот на Општина Гевгелија со краен рок 18.02.2024 год., согласно важечките одредби од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *