ДЕНЕС ГО ПРАЗНУВАМЕ СПОМЕНОТ НА СВЕТИТЕ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА. ВО ГЕВГЕЛИСКО СЕ СМЕТАЛ ЗА ТЕЖОК ПРАЗНИК A СЕ ОДЕЛО НА ПАНАЃУР ВО МРЗЕНЦИ И МИРАВЦИ.

Именден празнуваат: Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка…
Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера. Мајка му Елена е заслужна за пронаоѓањето на светиот крст на кој бил распнат Исус Христос.
Именден празнуваат: Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка…
 
Нивниот заеднички празник се празнува на 3 јуни според новиот, (односно на 21 мај според стариот) календар и во некои краишта се смета за тежок празник. Во Гевгелиско се сметал за тежок празник (аталија) и никој не работел. Се одело на панаѓур во с. Мрзенци и Миравци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *