Во целиот свет 3 мај се одбележува како Ден на слободата на печатот. Одлуката за прогласување е донесена од Генералното собрание на ОН во 1993 година, како резултат на Генералната конференција на УНЕСКО две години порано.Во резолуција од конференцијата се наведува дека независниот печат е основен елемент на секое демократско општество.
Слободното и квалитетно новинарство е предност на демократијата.Мора да ја искористиме оваа прилика да изразиме благодарност до новинарите и медиумските професионалци, кои преку нивната непроценлива работа им служат на општото добро. Ние мора да ги признаеме нивните жртви – и оние на нивните семејства – направени во служба на нашите интереси. Ни носат една од најмоќните алатки што ги имаме на располагање за да донесуваме одлуки што ни се важни: сигурни информации.
Без разлика дали се одлични истражувачки новинари кои покриваат глобални кризи или несигурни хонорарни соработници за некој локален весник, нивната работа се однесува на сите нас. Тие изложуваат неправди, кршење на законот, корупција и злоупотреба на службената должност. Тие ги ставаат во центарот на вниманието владините активности. Тие копаат под површината за да ја откријат вистината.