ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА МЕТЕОРОЛОГИЈАТА. МЕТЕОРОЛОШКАТА СТАНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА Е ОСНОВАНА ВО 1951 ГОДИНА.
Светскиот ден на метеорологијата, 23 март, е востановен во 1961 година, а се одбележува во сеќавање на 23 март 1950 година, кога официјално е основана Светската метеоролошка организација (СМО) – меѓувладина организација и специјализирана агенција на Обединетите нации која собира 185 члена.
Инаку, Метеоролошката станица во Гевгелија е отворена во далечната 1951 година и од тогаш вработените во неа ги мерат температурата и влажноста на воздухот, врнежите од дожд, брзината и насоката на ветерот и притисокот на воздухот.
Оваа година темата на светскиот ден на метеорологијата се океаните, со фокус на врската помеѓу климата и времето во рамките на планетарниот систем.
Светската метеоролошка организација, како специјализирана агенција на Обединетите нации за клима, време и вода, се обидува да го поддржи разбирањето на нераскинливата врска помеѓу океанот, климата и времето.