ДЕНЕС Е СВЕТИ ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

Преподобниот отец Гаврил Лесновски е еден од тројцата големи следбеници на рилскиот пустиножител Свети Јован, заедно со преподобните: Прохор Пчински и Јоаким Осоговски. Тој е родум од Осечко Поле, кај Крива Паланка, од семејство на благочестиви и многу богати родители, коишто беа блиску до царските советници.
 
Се подвизувал и аскетувал во околината на Злетовска Планина. Во житијата се среќаваат податоци дека во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, се замонашил и (или) изградил црква во чест на Св. Архангел Михаил и оттаму заминал во околината на подвизување.
 
Неговиот светителски култ се ширел и се развивал преку религиозно-духовната, книжевната, музичката, ликовната и народната традиција. За него биле составени житија и служби во втората половина на XI, во XIII и во втората половина на XVI или најдоцна во XVII в.
 
Култот на преподобен Гаврил бил одржуван и во сликарската традиција со сликањето на негови портрети по фрескоживописите, иконите, ракописите и по другиот црковен инвентар, како и во народното творештво, во голем број месни преданија и легенди.
Бил чудотворец за време на животот и по смртта. Умрел на крајот на 10 век.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *