ДЕНЕС Е ПРЕПОДОБЕН ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

Во четвртата недела од Великиот пост, нашата света Црква го прославува светиот Јован Лествичник. Свети Јован Лествичник беше монах, отшелник, а потоа игумен на светиот Синајски Манастир.
Во својата исклучителна книга »Небесна лествица« ги опишува монашките добродетели и пороци, монашкиот живот и природата на потполното бестрастие, кое се смета за идеал за совршен живот на секој Христијанин. Тоа е спис составен од 30 поуки, колку што е потребно години да живее човекот за да стане зрел, така и на монахот му е потребно да помине триесет скалила за да го достигне совршенството.
 
Идејата на »Лествица«-та, таквиот степенест раст во духовното совршенство е земена од познатото старозаветно видение на праотецот Јаков (1. Мој. 28:12). Символички, Јакововата лествица, која стои на земјата, а со врвот го допира Небото, по која ангели се качуваат и слегуваат, и на чиј врв се наоѓа Господ, треба да го означува човековиот пат кон висините на божественото совршенство, врска помеѓу небото и земјата, пат на кој на човекот му сопатешествуваат ангелите Божји и кој има сосема одредена цел: Самиот Господ Бог.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *