Основните судови низ земјава минатата година од примени вкупно 578.577 предмети, решиле 96,5 проценти или 558.336 предмети, со просечно време на решавање на предметите од 74,8 дена. На почетокот на годината имале 93 072 нерешени предмети од претходниот период, додека на крајот од годината го зголемиле тој број за дваесет илјади на 113.313.
Минатата година во земјава имало вкупно 391 судии. Тоа значи по 21 судија на 100 илјади жители, што е во рамки на европскиот просек. Но, бројот на судии во земјава од година, во година постојано се намалува, па така, од 493 во 2020 година, е намален на 473 во 2021, па на 449 судии во 2022 година.
Најажурни биле Основниот суд во Гевгелија и Основениот суд во Дебар каде во просек за решавање на предметите им требало по 13 дена.
Помалку од месец за решавање на предметите им требало и на Основниот суд Виница – 21,04 дена, ОС Кавадарци – 21,08 дена, Основниот суд Тетово – 22,97 дена и Основниот суд Кратово – 27,37 дена. Интересно е дека во сите овие судии работеле со над 60 проценти пополнетост, освен основните судови во Кратово и Виница кои работеле со една третина од потребните судии.