ДЕНЕС Е 21 МАРТ, СВЕТСКИ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

Поезијата е онаа тенка пајажина помеѓу срцето и мозокот, кажал одамна вљубениот поет. А, секоја година, 21-ви Март е резервиран за одбележување на Светскиот ден на поезијата. Поезијата ја потврдува нашата заедничка човечност откривајќи ни дека многу поединци, насекаде во светот, делат исти прашања и чувства. Одлуката за прогласување на 21 март како Светски ден на поезијата беше усвоена за време на 30-та сесија на УНЕСКО која се одржа во Париз во 1999 година.
 
Една од главните цели е да се поддржи јазичната разновидност преку поетски израз и да им понуди на загрозените јазици можност да бидат слушнати во нивните заедници. Да го охрабри враќањето на усната традиција на поетски рецитали, да се промовира учењето поезија, да се врати на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности и да им се даде поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите.
 
Поети
 
По малку смешни,
по малку храбри,
прекрасно нецелосни,
не донесувајќи го одговорот
на сите прашања
заради неколку збора
што не можат да ги најдат
допирајќи на минување
згради што не постојат
продолженија на инаетот
кој некогаш се вика сон
некогаш љубов, некогаш поезија
ги берат ретките цветови
таму каде што утре ќе бидат
заедничките неделни паркови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *