Денеска, според православието, е сабота пред Прочка, празник и традиција позната и како „Умрело дете за баница“.
Според приказната, некогаш, на овој ден некое сиромашно дете барало да јаде баница со сирење, но никој не им помогнал на неговите родители да му направат баница ниту пак некој му дал да јаде. Приказната има тривијален карактер, но веројатно е дека зад оваа приказна стои крајот на сиропусната недела кога постот станува построг.
Во домовите традиционално се подготвува пита-баница со сирење, во чест на ова дете Млекото и млечните производи се јадат последно во оваа недела, а православната традиција налага не само да се изеде туку и да се поделат млечните производи со другите.. Прочка го означува почетокот на Велигденските пости.